Новак Џоковиќ со многу проблеми некако успеа да го победи чехот Томаш Махач со 2-1 во сетови 6:3, 3:6, 7:6.
Српскиот тенисер не беше на своето ниво, иако доби нешто од стручниот штаб на почетокот на вториот сет. Потоа, делуваше како да џвака нешто за време на мечот.
Токму тоа беше едно од прашањата што го доби Србинот по мечот. Не сакаше да открие за што се работи.
„Посебна гума за џвакање. Не можам да ја откријам тајната“, низ насмевка одговори Новак во интервју за „Спорт клуб“.
Потоа ги анализираше случувањата на теренот.
„Не одиграв ниту еден меч со него пред овој меч. Ги направив анализите и подготовките, но на теренот е поинаку. Го освоив првиот сет, имав шанси за брејк на стартот од вториот сет, па играв на мој сервис, што му даде крилја, играше подобро, беше во брзање. Не можев да му го скршам бекхендот, го имаше тој одличен удар, тоа е чешката школа. Таа бекхенд паралела фантастично го послужи храбро играше сервис волеј, одеше на се или ништо и мило ми е што го надминав таквиот предизвик, одиграв скоро совршен тајбрејк. Можев да играм подобро и да се чувствувам подобро на теренот, има позитивни работи и некои работи што треба да се подобрат, јас сум свесен за тоа, тоа е составен дел од процесот на враќање на теренот.
Повреда, немање натпревари или непознавање на противникот? Што од овие беше причина за нешто послаба партија?
„По малку од се. Му рекоа дека ќе имам малку потешкотии со движењето, тајмингот, изведувањето на ударите и дека ќе има осцилации и тоа се случи. Тренирав многу добро, но има разлика во споредба до натпреварот. Се е во ред, тоа е дел од процесот на опоравување, формата. Се надевам дека секој натпревар ќе биде подобар”.
Негов следен ривал ќе биде Талон Грикспор.
„Не сме играле долго време, сите играат добар тенис, тој не е врвен играч, но игра добро ако добие шанса. Како и Махач, тој сигурно ќе се обиде да го игра тенисот на својот живот. Тие немаат ништо да загубат против мене, сите сакаат скалп“, заклучи Џоковиќ.
ИНСЕРТИ ОД МЕЧОТ….