(ВИДЕО) Не му помогна ниту маската – Шансите да се случи ова се 1 спрема милион!

Loading

Невообичаена ситуација беше видена на градското дерби на Лос Анџелес во рамките на МЛБ, американската безбол лига.

фото: Profimedia

Во последниот, деветти ининг, гостинската екипа на Енџелс ја бркаше предноста на домашните Доџерс од 2:0.

Напаѓачот на Ангелите, Мајк Троут, успеа да ја погоди топката по фрлањето на играчот на Доџерс, но наместо да трча кон базата, се сврте зад себе бидејќи слушнал болен крик.

Веднаш му стана јасно што направил, сосема ненамерно, иако не виде ништо. При ударот, палката се скрши, а поголемиот дел од него се ротираше наназад и го удри судијата Нејт Томлинсон право во лицето, преку заштитна маска!

Томлинсон крварел од носот и над окото, но успеал сам да го напушти теренот за да му се укаже помош.

Како што рече еден фан во коментар, шансите за ова да се случи се една во милион…