Фудбалерите на Борнмаут постигнаа гол против Арсенал со прекрасна акција за само девет секунди по стартот од центарот, а сега видовме уште еден шокантен старт, но воопшто не убав.
На Азискиот куп до 20 години во првиот натпревар од групната фаза се сретнаа младинците на Јордан и Таџикистан.
По само пет секунди од натпреварот, фудбалерот на Јордан, Бејкер Камал Калбунех тргна по топката, која веднаш беше јасно дека нема да ја достигне.
Мехрубон Камиров од Таџикистан беше првиот што ја допре, но можеби ќе посакаше да не го стореше тоа.
Имено, Калбунех невнимателно ја подигна ногата високо и со копачките го удри Камиров во главата.
Овој беше нокаутиран, логично, па дури и младиот Калбунех (19) се грчеше од болки во ногата!
Но, не му помогна тоа, веднаш беше добри директен црвен картон и беше исклучен – по само пет секунди игра!
И покрај тоа што потоа го одиграа целиот натпревар со играч помалку, Јорданците победија со 2:0.