ВИДЕО: Марат Сафин ја откри 16 години чуваната тајна од дуелот со Новак Џоковиќ во 2005!

Loading

Марат Сафин, поранешен голем руски тенисер, се сети на дуелот со Новак Џоковиќ од пред 16 години.

Новак во тоа време штотуку ја започнуваше кариерата, а во првиот натпревар на Австралија опен доживеа дебакл од Русинот со резултат 3:0 (6:0, 6:2, 6:1).

По натпреварот, кој траеше само 74 минути, Џоковиќ му кажа нешто на Сафин, а русинот го откри тоа само 16 години подоцна.

“По натпреварот, Џоковиќ ми рече:” Извини! “Имаше само 17 години, и со огромен потенцијал. Му посакав се најдобро, како и долга, успешна кариера”, рече Сафин.

Самиот Сафин не очекуваше дека Новак ќе ги достигне овие височини и ќе собере вкупно 20 Грен слем титули досега.

“Играв навистина добро. Тоа беше прво коло, и секогаш е подобро да бидете целосно, 100% концентрирани, за да можете да продолжите понатаму без тешкотии. Сакате да поминете извесно време на теренот, бидејќи никогаш не знаете што ќе се случи со вас потоа. Новак беше млад, никој не знаеше ништо за него, морав да бидам внимателен, свесен дека тој нема што да загуби, но ми беше мило што многу луѓе од Србија и Русија навиваа за мене и за него “, рече Сафин.

Погледнете го нивниот дуел на Австралија опен во 2005 година…