Веројатно најлудиот кошаркарски потег досега во 2024 година не доаѓа од НБА, туку од Турција.
Таму се играше натпреварот помеѓу домашниот Бахчешехир и евролигашот Фенербахче. Мечот замина во продолженија благодарение на лудата тројка со звукот на сирената од скоро цел терен.
Во хаотичната завршница, Фенербахче го имаше навидум последниот напад за победа, но домаќините ја одзедоа топката и погодија од контра за 96:93 на само 1,9 секунди до крајот.
На Фенер не му остана ништо друго освен да постигне кош од целиот терен, а Георгиос Папајанис го направи токму тоа.
Грчкиот претставник ја фрли топката преку рамо од околу 25 метри, а таа на запрепастување на сите помина низ обрачот „без коски“….
GEORGIOS PAPAGIANNIS FORCED AN OVERTIME IN THE MOST RIDICULOUS WAY 😱😱pic.twitter.com/xUk31niHAU
— BasketNews (@BasketNews_com) January 27, 2024
Овој неверојатен кош на Папајанис потсети на уште поголем шок предизвикан од тројката на Душан Кецман за освојување на АБА лигата во финалето против Цибона во Загреб Арена во 2010 година.
Но во оваа ситуација немаше контроверзи со преостанатата минутажа и кошот беше целосно чист.
Во продолжението шокираните домаќини не успеаја да ја добијат сензацијата до која беа толку блиску и Фенербахче на крајот победи со 110:105.
Фенер на тој начин го подобри својот рекорд во турската лига на 15-3. Само Ефес е подобар со 15-2 и натпревар помалку, а Бахчешехир е деветти со 7-11.