ВИДЕО: Лудило на Флорида – УФЦ 261 пред полни трибини и спектакуларни борби за титули!

Loading

УФЦ, една од најпопуларните организации во боречките спортови на планетава, синоќа ни понуди спректакуларни борби и по долго време пред полни трибини на Флорида.

Вечерта беше за паметење во Џексонвил, каде се одржа 261 издание на УФЦ и која донесе двајца стари и еден нов шампион, од трите борби за титула, кои беа на програмата.

Во главниот настан, нигерискиот борец Камару Усман со фантастичен нокаут над Хорхе Масвидал во втората рунда ја заддржа УФЦ титулата во велтер категоријата…

Кај дамите, американката Рози Намајунас го освои појасот во најлесната категорија по одличниот нокаут над шампионката кинеската, Жанг Вејли уште во првата рунда. Намајунас стана првата жена во УФЦ, која вторпат ја освоила титулата, откако ја имаше и ја загуби во 2019 година….

Валентина Шевченко ја продолжи доминацијата во женската мува категорија, откако во втората рунда со нокаут ја победи бразилката Џесика Андраде. Ова е петта одбрана на титулата за Шевченко и седма победа во серија….

Вечерта ја одбележа и тешката повреда на Крис Вајдман против Ури Хала во средна категорија, откако по првиот удар во мечот ја скрши потколеницата….