Јирген Клоп конечно стигна до првата победа откако го превзеде кормилото на Ливерпул, а „Црвените од Енфилд“ во осминафиналето од Лигата купот го победија Бурнемут со 1:0.
Стрелец на голот вреден четвртфинале беше Клајн во 17 минута од средбата и во четвртфиналето ќе играат против Саутемптон кои беа подобри од Астон Вила.
Ливерпул има голема шанса оваа година да стигна до овој трофеј бидејќи во трката ги нема повеќе Челзи, Арсенал и Манчестер јунајтед кои загубија на пенали на Олд Трафорд од второлигашот Мидлсбро.
Во следната фаза се пласира и Манчестер Сити по триумфот над Кристал Палас со дури 5:1.
Пласман во четвртфиналето обезбедија Евертон, Хал, Шефилд Венсдеј и Стоук, а првите натрпевари се играат на 30 ноември.