Наследникот на Дејвид Бекам постигна гол од слободен удар во стилот на неговиот славен татко.
„Каков гол на Бекам од слободен удар! Колку пати сме го слушнале ова во текот на кариерата на славниот Дејвид Бекам, но сега по неговиот пат тргна и неговиот син.
Ромео Бекам, 19-годишниот фудбалер на Интер Мајами, кој постигна гол од слободен удар во стилот на својот татко, покажа дека крушката не паѓа далеку од дрвото!
Ромео го постигна својот прв гол во неделата навечер за Интер Мајами 2, резервниот тим на МЛС тимот.
Инаку, тој клуб е и во сопственост на Дејвид Бекам, а Ромео беше стрелец на натпреварот против Б тимот на Орландо Сити.
Интер Мајами 2 победи со 3:1, а последниот гол беше дело на младиот Бекам. Ромео мајсторски изведе слободен удар, преку „живиот ѕид“, а топката веднаш падна во долниот агол од голот на ривалот.
Иако е очигледно дека Ромео ја нема кариерата каква што ја имаше неговиот легендарен татко Дејвид, факт е дека помладиот Бекам одлично шутираше и покажа дека мајсторијата за изведување слободни удари се уште му е во крвта.
По натпреварот, Ромео одговори на честитките на Давид на Инстаграм, велејќи му на својот татко дека голот е за него.
Погледнете каков гол постигна Ромео Бекам:
Bend it like (Romeo) Beckham.pic.twitter.com/uealEgJqOS
— MUNDIAL (@MundialMag) July 11, 2022