Американскиот атлетичар Ерион Кингтон (18) викендов имаше неверојатен настап.

Кингтон ја истрча трката на 200 метри со време 19,49 и со тоа стана светски рекордер во јуниорска конкуренција.
Сепак, еден факт е многу поважен. Младиот Американец дополнително успеа да го надмине и јуниорскиот рекорд на Јусеин Болт, кој во 2004 година истрча со време од 19,93.
Атлетската легенда од Јамајка го држеше тој рекорд долги години додека не се појави Најтон и ја разнесе својата конкуренција.
Инаку, во однос на сениорската конкуренција пред Кингтон се само тројца: Болт (19.19), Јохан Блејк (19.26) и Мајкл Џонсон (19.32).
Бидејќи Кингтон е побрз од Болт во јуниорска конкуренција, многумина предвидуваат дека младиот Американец би можел да надмине бројни рекорди на спринтерите од Јамајка.
Погледнете ја неговата рекордна трка….