ВИДЕО: Инцидент во Босна – Навивачите влегоа на теренот и ги претепаа судиите!

Loading

Фудбалскиот натпревар помеѓу Будуќност од Лукавица и Рудар од Букиња, кој се играше во пониските класи во Босна, во Башиговци кај Тузла, не заврши.

За тоа се погрижија домашните навивачи кои физички ги нападаа судиите по вториот гол на гостите. Незадоволни од судењето, приврзаниците на Будуќност упаднаа на теренот и почнаа да ги удираат тројцата судии.

Видеото покажува дека играчите ги штитат судиите, но дека и покрај тоа, навивачите успеваат да им зададат по некој удар.

Делегатот на натпреварот Адел Авдиќ во извештајот напиша дека полицијата стигнала на стадионот дури во 60. минута, и додаде дека целосен хаос настанал кога гостите го постигнале вториот гол…