На крајот на ноември минатата година, на Големата награда на Бахреин, видовме една од најужасните несреќи во историјата на Формула 1, но за среќа не со трагичен исход.
Кога Роман Грожан со голема брзина удри во банкината, а автомобилот му се запали во секунда, многумина се исплашиja од најлошото, но Роман Грожан успеа навреме да излезе од возилото во пламен.
Тој бил пренесен во болница каде му биле констатирани повреди, но и изгореници поради кои се уште има лузни.
Роман Грожан мина точно 27 секунди во пожарот, но успеа да се спаси, само раката до денес не се опорави целосно, но не му пречи воживотот по спортската кариера.
Една година по несреќата, Грожан сподели со своите фанови како сега изгледа неговата рака.
Driving kids to school, gym session and then getting a new skin on that left hand 💯
Busy day ahead 👍#thephoenix pic.twitter.com/TvkZvZKXNr— Romain Grosjean (@RGrosjean) November 2, 2021
Погледнете и како изгледаше страотниот судир во кој автомобилот на Роман Грожан се преполови и целосно изгоре….
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следнава содржина може да биде вознемирувачка!
https://www.youtube.com/watch?v=ZQ7_En2xEm4