(ВИДЕО+ФОТО) Никогаш не гледал кошарка, а го направи најдобриот спортски филм – Ремек делото на Џик Хекман

Loading

Неодамна починатиот американски актер Џин Хекман (1930-2025) беше ѕвезда на официјално најдобриот спортски филм во историјата, „Hoosiers“.

Фото: Profimedia

 

Ова ремек дело од 1986 година на режисерот Дејвид Анспау беше инспирирано од успехот на мал тим од северниот дел на Индијана кој го освои националното првенство во 1954 година.

Играјќи го ликот на Норман Дејл, Џин Хекман толку веродостојно го глумеше тренерот што ги остави без зборови своите колеги на сетот.

Актерот Бред Лонг, кој го играше капетанот на екипата Бади Вокер во филмот, рече дека му се восхитува на Хекман поради начинот на кој се подготвувал за улогата.

„Кога почнавме да снимаме, тој можеше да се однесува како вистинска примадона и да дојде на снимање со став „дајте ми место каде да стојам, дај те ми ги моите дијалози и тргнете ми се од патот“.

Режисерот Дејвид Анспау бараше млади луѓе за филмот кои беа кошаркари пред се и второ актери. Кога пристигнале на снимањето, многумина биле изненадени од однесувањето на Хекман.

„Би помислиле дека овие актери имаат арогантен став, но јас не видов ништо од тоа во него. Беше скромно, тивко момче. Дали беше и перфекционист? Да, беше. И мислам дека тоа не беше лоша работа. На снимањето ќе се расправаше со режисерот за начинот на снимање на филмот.

По неговата премиера, филмот имаше огромен успех и до ден-денес, фановите ги посетуваат локациите во Њу Ричмонд и Најтстаун, Индијана, каде што беше снимена приказната за тимот од аутсајдери кои освојуваат сè.

Аџилакот на кошаркарските фанатици водат и до Милин, местото каде што играше тимот кој всушност стана шампион во 1954 година и кој го инспирираше снимањето на филмот. Тоа е место со само 1.800 жители.

“Никогаш не сакавме да биде спортски филм. Никогаш не го нарекувавме така, а јас сè уште не го нарекувам така. Сценаристот закачи голема табла над своето биро: “Ова не е спортски филм”, изјави еднаш режисерот Анспо, објаснувајќи дека пораката на филмот е многу подлабока од тоа.

Интересна анегдота е дека Џек Николсон требаше да ја игра главната улога, а не Хекман. Како голем навивач на Лејкерс и љубител на кошарката, тој со задоволство се согласи да го води тимот во филмот, но мораше да се повлече поради правни причини и тужба со Метро-Голдвин-Мајер.

Ова создаде шанса за Хекман да ги допре срцата на сите љубители на спортот.

,,Ни рече да се јавиме на Роберт Дувал или Џин Хекман“, откри сценаристот Анџело Пико.

Дувал, кој многумина го паметат од „Кум“, го прочитал сценариото и го одбил бидејќи играл слична улога во два претходни филма, а Хекман веднаш се согласил.

Многумина беа скептични од самиот почеток. На пример, членовите на шампионскиот тим од 1954 година кој го инспирираше филмот.

„Џин Хекман никогаш не гледал кошаркарски натпревар во средно училиште во Индијана“, рече Реј Крафт, кошаркар на шампионатот Милин во 1954 година, а сепак, тој ја исполни улогата како да е роден со кошаркаска топка во рака.

Фото: Profimedia

 

„Ако го вложите целиот напор и концентрација за да го реализирате својот целосен потенцијал да бидете најдобри што можете, не ми е гајле што пишува на семафорот на крајот од натпреварот. Во мојата книга, вие ќе бидете победникот“, е еден од култните цитати на Хакман од тој филм.

Прославувајќи ја победата на аутсајдерите од Милин и сеќавајќи се на филмот кој обликуваше генерации љубители на спортот, Индијана во 2015 година носеше дресови идентични на оние што ги носеа играчите на „Хикори“, тимот од филмот.

Ова е само еден од многуте примери кои го покажуваат влијанието што овој филм го има врз целата спортска заедница во САД, но и ширум светот.

Иако освои Оскар за улогите на Џими „Попај“ Дојл во „Француската врска“ од 1971 година и како злобниот шериф во филмот на Клинт Иствуд од 1992 година „Непростено“, улогата на тренер е една од многуте што го направија познат еден од најголемите холивудски актери во 20 век.

„Хушерс“ беше прогласен за најдобар спортски филм досега на наградите на Асошиејтед прес за 2020 година.

Џин Хекман беше пронајден мртов во Ново Мексико. Полицијата покрај него го открила телото на неговата сопруга, додека во куќата било пронајдено и телото на нивното куче.

Погледнте го трајлерот на ремек делото на Џин Хекман…..