(ВИДЕО+ФОТО) Некогаш прославен фудбалер, денеска ѕидар – Пороците и русинките му го уништија животот!

Loading

Играше во Серија А, ја делеше соблекувалната со најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, а денес едвај врзува крај со крај.

Поранешниот италијански фудбалер Фабио Мачелари има неверојатна животна приказна. Беше голем талент на италијанскиот фудбал, играше за Лече, Каљари, Интер, Болоња.

Заработил огромни пари во кариерата, а потоа изгуби се, па морал да работи како келнер, пекар, шумар, ѕидар за да преживее.

Мачелари уште во 2000 година, кога за седум милиони евра пристигна во Интер, каде соиграч му беше големиот Бразилец Роналдо, не ни сонуваше дека еден ден ќе ги работи најтешките можни работи за да заработи за живот.

За жал, Италијанецот им се придружи на многу колеги кои преку ноќ се збогатија, а потоа се свртеа кон пороците и со тоа им ги уништија животите и кариерата.

Додека бил фудбалер живеел „на високата страна“. Ноќта ја поминувал со Русинки со разни опијати, лажни пријателства, многу пороци, огромни трошоци… И сето тоа му се одби од глава.

Во подкаст, Италијанецот откри како неговата кариера тргнала надолу….

„Во Болоња паузирав четири и пол месеци поради операција, а кога се вратив на теренот отидов во Порто Черво и изнајмив јахта. Таму ми се придружија две Русинки, тоа беше луда забава,. .. Кога во Болоња дознаа за тоа, го раскинаа договорот со мене“, изјави Мачелари.

Мачелари еднаш му призна на сопственикот на Каљари дека редовно земал кокаин додека играл за неговиот клуб. Станал зависник, потрошил многу пари на дрога, а неговата кариера полека згаснувала.

Клубовите од Серија А се ослободија од него во 2005 година. Потоа десет години играше во пониските лиги, а во 2015 година реши да се збогува од фудбалот.

“Не беше лесно да се вратиш во нормален живот, особено кога си навикнат да трошиш многу. Сфаќаш дека треба да направиш сè повторно или ќе умреш”, рекол еднаш Италијанецот.