(ВИДЕО) Денвер без Јокиќ во тимот е само просечен тим!

Loading

МВП на минатата сезона, српскиот центар Никола Јокиќ не играше на последниот меч од предсезоната за Денвер во дуелот со Оклахома сити.

фото : AP

НА мечот кој Денвер го играше пред своја публика загуби катастрофално од Оклахома со 124-94.

На српскиот центар секако не му беше лесно да го гледа дебаклот на својот тим од клупата и тоа пред почетокот на натпреварувањето во НБА лигата.

Ова беше четврти пораз на Нагетс во предсезоната, што несомнено ги загрижува навивачите, но и самиот клуб.

Иако покрај Јокиќ, Нагетс во дуелот со Оклахома беа без помошта на Џамал ​​Мареј, Расел Вестбрук и Пејтон Вотсон.

Мајкл Портер Јуниор беше најефикасен во поразот со 15 поени, Строутер и Александер додадоа по 12, Арон Гордон запиша 11 поени.

Мелоун ќе има што да им каже на кошаркарите пред почетокот на новата сезона.

,,Пред натпреварот ја спомнав мојата најголема грижа: Дали можеме да ја задржиме топката и да ги спречиме да се префрлат? И во таа смисла целосно потфрливме – изјави по мечот тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун.

Шаи Гилгес Александер беше најдобар во редовите на Тандер со 19 поени, а Џо и Вилијамс додадоа по 14.