(ВИДЕО) Бројки за почит, 43 меча, 43 гола – Погледнете ги сите голови на новиот рекордер на англиската Чемпионшип лига!

Српскиот голгетер, Александар Митровиќ има уште еден натпревар со својот Фулам во англиското првенство, но јасно е дека оваа клупска сезона, но и репрезентативна, за него беа како на сон.

фото: Profimedia

Клубот од „Крејвен Котиџ“ успеа да се врати во Премиер лигата, со освојување на титулата во Чемпионшип, а „Митрогол“ е избран за најдобар играч на натпреварувањето, чиј најдобар стрелец е.

Со 43 гола во 43 одиграни меча, тој има неверојатен учинок, со што го собори рекордот на Гај Витингем од сезоната 1992/93 година.

Во последното, 46. коло на гостувањето кај Шефилд Јунајтед, Митровиќ ќе има можност дополнително да го подобри нереалниот скор.

А потоа на лето може да разгледа бројни понуди од големи клубови. И да остане во Фулам, во веројатно најсилната лига на светот, тешко дека ќе згреши …

Во меѓувреме погледнете ги сите 43 гола на напаѓачот на Фулам во овосезонскиот шампионат. Сè започна на 14 август 2021 година, во 2. коло, кога Хадерсфилд го најде на гости, а тој прв гол беше можеби најбизарниот.

Голманот Скофилд направи несфатлива грешка, а Митровиќ како и секој врвен голгетер беше подготвен да го казни….