ВИДЕО: Босанецот го имитираше Марадона – Судијата му го призна голот, сите во шок!

Голема бура се крена во романската фудбалска јавност по контроверзниот гол на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Елвир Кољиќ.

фото: Printscreen/youtube

Фудбалерот на Универзитетеа постигна гол со рака на мечот против Сепси, а судијата го призна тоа на општо чудење на сите присутни.

Во осмата минута од натпреварот Кољиќ истрча пред голманот и шутираше, чуварот на противничката мрежа одлично реагираше, но топката повторно се одби до Елвир, кој во стилот на Марадона ја смести со рака во мрежата.

Фудбалерот од БиХ веднаш почна да го прославува голот, како да го постигна на регуларен начин. Играчите на Сепси му сигнализираа на судијата дека Кољиќ играл со рака, но голот беше признаен.

Сепак и покрај голот со рака кога беше израмнет резултатот на 1-1, тимот на Сепси на крајот славеше убедливо со 3-1.

Погледнете го спортниот момент кој започнува од 2:00 минута од видеото во прилог….