Фудбалерите на Рајо Ваљекано по вторпат ја победија Барселона овојпат на гостински терен со 1:0 во преостанатиот натпревар од 21. коло на шпанската Ла Лига.
Стрелец на единствениот гол беше Алваро Гарсија во седмата минута. Ваљекано можеше да го удвои водството во 10. минута од продолжението, но Пејт Сис ја погоди стативата.
Барса на својот стадион го претрпе третиот пораз во последните 10 дена.
✨ Un 𝐑𝐀𝐘𝐎 histórico ✨
🔝 ¡El conjunto de Vallecas ha ganado los dos encuentros contra el #Barça esta temporada!#BarçaRayo#LaLigaSantander pic.twitter.com/OkdCCwBSjo
— LaLiga (@LaLiga) April 24, 2022
Рајо ја оствари втората последователна победа, вкупно 11-та во првенството и го зазема 11-тото место на табелата со 40 бодови. Ова е прв пат во историјата на клубот да ја победи Барселона и дома и на гости.
Барселона има шест порази и е втора на табелата со 63 бодови, исто колку и третопласираната Севиља. Атлетико Мадрид е четврти со 61 бод.
Прв на табелата е Реал Мадрид со 78 бодови.