ФИФА е на прагот да ја исфрли репрезентацијата на Еквадор од Светското првенство во Катар, бидејќи на квалификацискиот натпревар против Чиле настапил играч кој нема еквадорско државјанство.
Станува збор за Бајрон Кастиљо кој е од Колумбија. Веста ја пренесоа некои јужноамерикански медиуми, а адвокатот Едуардо Карлезо изјави дека е сигурен дека одлуката ќе биде од корист за чилеанската федерација.
Имено, Чилеанците тврдат, а сега наводно имаат и докази, дека Кастиљо за Еквадор во квалификациите за СП играл со лажен пасош.
Карлезо тврди дека споменатиот фудбалер со помош на еквадорските граѓански власти и тамошниот фудбалски сојуз ги фалсификувал сите документи и дека тој воопшто не е Еквадорец.
,,Родителите на Бајрон Касл се родени во Тумак, Колумбија, Бајрон е роден во Тумак и таму е крстен. Нема докази дека тој има некаква врска со Еквадор и доказите се многу јасни – изјави Карлезо, кој го претставува Чилеанскиот фудбалски сојуз.
Депортес пишува дека ФИФА веќе практично донела одлука и дека Еквадор ќе биде исфрлен од Светското првенство денеска, односно дека натпреварите на кои играл спорниот играч ќе бидат регистрирани со резултат 3:0 за противниците.
За потсетување, во јужноамериканските квалификации, Еквадор заврши на четвртото место, Перу на петтото, Колумбија на шестото и Чиле на седмото место.
Доколку натпреварите во кои играше Кастиљо бидат регистрирани со 0:3 за противниците, Чиле ќе одеше на Светското првенство.
Имено, Кастиљо не настапи на ниту еден натпревар против Перу и Колумбија, но играше на двата натпревари против Чиле, со што во тој случај би добиле нови шест бода, две победи од 3-0 и би скокнале на четвртото место.
Перу ќе продолжи да игра дополнителни квалификации (13 јуни против Австралија), а Еквадор ќе заврши на последното место.