Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо ретко го поврзуваа со скандали надвор од теренот.
Популарниот „Ел Феномено“ го доби прекарот по бравурозните настапи на теренот, поради што важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, но очигледно успешно дриблал и кога се во прашање ноќните клубови.
Вака новинарот на „Гардијан“, Џек Керол ја опиша ситуацијата во Боливија, каде се играше Копа Америка во 1997 година.
„Една ноќ во еден бар седев покрај бучна група Бразилци кои бескрајно пиеја. Погледнав поблиску и видов дека носат исти жолти и зелени одела. Сфатив дека седам покрај Ривалдо, Роналдо и Денилсон. Младите девојки им седеа во скут, Роналдо го чуваа дури три одеднаш! Бразилците седеа таму до три часот наутро, а потоа доаѓаа во барот секоја вечер освен во деновите на натпреварите. Група полуголи жени секогаш се собираше околу нив“, опиша новинарот што видел.