Тајсон сакаше нови правила, противникот прифати и му порача сочна закана!

Loading

И покрај бројните протести, наскоро ќе гледаме боксерски меч меѓу Џејк Пол (27) и Мајк Тајсон (58).

фото: Profimedia

 

Пол се прослави како Јутјубер кој почна да инвестира пари и во боксерска кариера. Водеше 11 меча, од кои победи на 10, а на 15 ноември ќе се бори со Тајсон, кој е 31 година постар, во боксерски меч од осум рунди на стадионот АТ&Т во Арлингтон.

Натпреварот требаше веќе да биде завршен, но имаше компликации околу здравјето на Ајрон Мајк.

Иако сега е подготвен, тој побара драстична промена на правилата. Тој сакаше секоја рунда да трае две, наместо три минути, вкупно осум.

Неговиот ривал го прифати и го коментираше потегот на поранешниот светски шампион.

„Ова може да биде само предност за него, но мислам дека е паметно што го направи тоа. Еве, се согласувам со сите правила што ги сакаше“, почна Пол за Mail Sport пред да заклучи: „Му давам што сака. Одам на негово поле, и таму ќе го победам“.