Португалските медиуми информираат дека полицијата упаднала и ја „чешлала“ менаџерската агенција „Гестифут“ во Порто, инаку во сопственост на еден од најмоќните агенти на денешницата Жорже Мендеш, но и два клуба.
Сето ова се случува како дел од истрагата за бизнисот на фудбалските агенти кои се осомничени дека земале пари во договори меѓу клубови и „трети лица“.
Неофицијално се споменува сума од околу 15 милиони евра, а добро упатената „А Бола“ дури 200 милиони евра.
Покрај агентот кој меѓу другото го застапува Кристијано Роналдо, полицијата упадна и во просториите на Виторија Гимараеш и Брага, ривалот на Црвена ѕвезда во годинашната сезона од групната фаза на Лига Европа.
Полицијата до оваа информација стигна по анализа на запленетиот материјал во текот на март 2020 година, во акцијата „Фора де Јого“ и дека тоа пред се се однесува на даночна измама, осигурителна измама и перење пари.
Во споменатата акција стигнале 47 лица поврзани со евентуални незаконски дејствија.
Да потсетиме, Брага беше под истрага пред година и пол, а како ќе се одрази на нивните фудбалери кои на 9 декември треба да се сретнат со Црвена ѕвезда останува да видиме.