(ВИДЕО) Каков фитнес програм е CrossFit и за кого е наменет?

Loading

CrossFit е спорт на фитнесот кој е базиран на константна варијација на функционални движења извршени со висок интензитет.

Функционални движења се моторички движења на човековото тело кои опфаќаат повеќе зглобови на телото. Тие се природни, ефективни и практични моторики на човековото тело.

Овие движења се исклучително важни бидејќи овозможуваат да човекот може да пренесува голем терет на долги дистанци за кратко време.

CrossFit е фитнес програм за снага и кондиција, пред се наменет за армијата, полицијата и нивните специјални единици, професионални спортисти од сите области.

Специјалност на CrossFit е спорт е да не се специјализираме. Секојдневниот живот, воените и полициските операции и другите спортови се предизвик за целокупниот психофизички капацитет на човековото тело.

Специлизираниот тренинг ја нема флексибилноста да го подготвува човековото тело за овие предизвици и најчесто суровата реалност не казнува.

CrossFit е дизајниран за секој оној кој е посветен на своето здравје, без разлика на претходното фитнес искуство. CrossFit e формиран врз база на докази.

Затоа не го менуваме програмот за постари лица или професионалните борци во боречките вештини. Единствената разлика е во интензитетот.

CrossFit е тренинг кој е динамичен и секој пат различен. За разлика од секојдневните теретани и вежбањето по денови каде го повторувате еден ист тренинг две, три и повеќе пати неделно, CrossFit Ви нуди програм каде не се повторуваат тренинзите.

Бидејки тренинзи многу ретко траат повеке од 45 минути, може да ги усогласите дури и во најзафатениот распоред на Ваштие секојдневни обврски.

CrossFit е фитнес е програм формиран врз база на докази. Докажано е дека резултатите може да се постигнат.

Многу луѓе досега имаат постигнато радикални промени во нивото на подобрување на брзината, силата, агилноста, кондицијата и изгледот на нивното тело.

Примери на CROSSFIT тренинг:
“Angie”
100 pull-ups
100 push-up
100 sit-ups
100 squats

“Filthy fifty”
50 Box jump
50 Jumping pull-ups
50 Kettlebell swings
50 steps Walking Lunge
50 Knees to elbows
50 Push press
50 Back extensions
50 Wall ball shots
50 Burpees
50 Double unders