Сака да се врати на терените – Ериксен пред себе си постави само една задача!

Loading

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен изјави дека сака да се врати на теренот и дека целта му е да игра на Светското првенство 2022 во Катар.

фото:Profimedia

29-годишниот фудбалер нема играно откако доживеа срцев удар на теренот на 12 јуни за време на натпреварот против Финска на Европското првенство.

Не можејќи да игра во Италија поради вградениот дефибрилатор, тој минатиот месец спогодбено го раскина договорот со Интер.

– Сакам да играм фудбал, нема причина зошто да престанам. Целта ми е да играм на Светското првенство во Катар. Тоа беше мојот начин на размислување цело време – изјави Ериксен во интервју за данската телевизија ДР1.

Ериксен, кој минатата сезона ја освои титулата во Серија А, продолжи да тренира во последните недели, но е без клуб, а според неговите зборови се наоѓа во топ форма.