Провокаторот по 4 месеци пауза се врати на НБА терените и веднаш имаше порака за Јокиќ!

Loading

Кошаркарот на Мајами Маркиф Морис се врати на терените по подолга пауза по конфликтот со Никола Јокиќ.

фото: Profimedia

Денвер доживеа непријатен пораз, а МВП-то повторно беше во центарот на вниманието поради ударот на Маркиф, кој е познат како еден од „највалканите“ играчи во НБА.

Минатата година беше „нокаутиран“ од српскиот ас, а тоа беше одговор на провокативниот фаул, во кој Маркиф можеше сериозно да го повреди коленото на Јокиќ.

Маркиф пропушти дури 58 натпревари, во падот се здоби со повреда на вратот, поради што дури сега се врати на теренот.

фото: Profimedia

По натпреварот тој беше запрашан дали му е лут на Јокиќ во изминатите четири месеци.

,,Првите две недели можеби не спиев поради тоа што ми се случи и затоа што не можев да ја контролирам ситуацијата. Една од првите ситуации во мојот живот што не можев да ја контролирам. Го надминав тоа. Ми требаше малку време. Дедо ми се јави неколку пати и ми рече да продолжам понатаму. Јас го направив тоа.

Потоа го прашале дали Јокиќ му се јавил по инцидентот.

„За.би го, не, не сакам да разговарам со него“, рече Морис.

Тој изјавил дека му биле потребни три до четири недели за да се врати во нормала.

Против Минесота во поразот од Мајами одигра 17 минути и постигна 6 поени со 4 скока и асистенција.

И секако, ништо не можеше да помине без коментарот на неговиот брат…