Продолжува животната драма на Пеле – Повторно заврши во болница!

Loading

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле денеска е сместен во болницата во Сао Паоло каде ќе го продолжи лекувањето на туморот на дебелото црево.

Од болницата Алберт Ајнштајн соопштија дека 81-годишниот Пеле е „во стабилна состојба и се очекува да биде пуштен во следните неколку дена“.

Пеле беше опериран во септември, откако на рутински преглед му беше откриен тумор.

Поранешниот бразилски фудбалер потоа почна да оди на хемотерапија.

Пеле освои три Светски првенства (1958, 1962 и 1970) година и е најдобар стрелец на бразилската репрезентација со 77 гола на 92 натпревари.