Поради измама Усаин Болт остана без 12 милиони долари!

Loading

Светскиот рекордер на 100 метри, Усеин Болт од Јамајка потврди дека во измама загубил 12 милиони долари.

Како што објави весникот од Јамајка Обсервер, Болт пред 12 години инвестирал десет милиони долари во јамајканската компанија Stocks and Securities Limited.

Компанијата долго време беше под истрага и пропадна откако беше докажано дека измамила бројни инвеститори за вкупна сума од 1,2 милијарди долари.

Болт тврди дека кај нив имал 12 милиони долари, но наеднаш таа бројка паднала на 12 илјади долари без тој да плати ништо од сметката.

Усаин е длабоко и искрено разочаран и фрустриран. Шокиран е од својата земја, онаа која ја стави на светската мапа со своите спортски успеси, а таа сега дозволува вакво нешто.

,,Тој инвестираше пари што не може да ги врати“, изјави адвокатот на Болт, Линтон Гордон.