Македонската фудбалска репрезентација напредуваше на најновата ФИФА ранг листа.
Скокнавме за две позиции и сега сме на 139. место, останувајќи и натаму далеку зад најдобрите 100 селекции во светот.
Македонија сега има 250 бода на листата, а од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП 2018, Шпанија е на шесттото место, Италија напредуваше три места, и сега е на 12-та позиција, Албанија е на 42. место, Израел на 71, а единствено зад нас е Лихтештајн на 168. место.
На врвот нема промени, Аргентина е на водечката позиција пред Белгија, Колумбија напредуваше за една позиција, па сега е трета, а на четвртото место е Германија, пред Чиле, Шпанија, Бразил, Португалија и Уругвај.
Австрија, напредувајќи за едно место, сега е во Топ 10, пред Англија која е на 11. место.
Следното рангирање на ФИФА ќе се објави на почетокот од следниот месец.