Српскиот тренер Александар Џорџевиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на грчкиот тим Панатинаикос.
Џорџевиќ кој е и селектор на Србија, отказот го доби веднаш по елиминацијата на ПАО од четвртфиналето во Евролигата, каде загуби со 3-0 во победи од шпанскиот тим Лаборал Куча, а нивната амбиција во Евролигата беше да игра на завршниот турнир во Берлин, но не успеа да го мине четвртфиналето.
Српскиот тренер под притисок на сопствениците се наоѓа уште од поразот од Црвена ѕвезда во Топ 16 фазата, а по тој пораз тој успеа да го издржи притисокот и да се пласира во четвртфиналето, каде Лаборал беше пречката која не можеа да ја минат неговите играчи.
Саша Џорџевиќ со Србија освои сребрен медал од СП во Шпанија.