Афричката земја, Малави, каде одгледувањето и трговијата со канабис за медицински цели е легално, официјално побара од боксерската легенда Мајк Тајсон да стане амбасадор на локалната индустрија, објави денеска портпаролот на локалното Министерство за земјоделство.
Во писмото до поранешниот светски шампион во тешка категорија од 1 ноември, чија содржина беше разгледана од агенцијата Франс прес, Министерството наведува дека „Малави не може самa да го направи тоа во оваа сложена индустрија и има потреба од партнер“.
Министерството го покани Тајсон да стане амбасадор на секторот за канабис во Малави, но не наведе дали поранешниот боксер одговорил позитивно на тоа барање.
Мајк Тајсон имаше голем успех во легалниот бизнис со канабис во последниве години. Кон крајот на октомври, американскиот магазин Форбс објави дека Тајсон ќе лансира нова компанија за продажба на производи базирани на канабис во САД, соопштува српски курир.
На почетокот на 2020 година, Малави се приклучи на листата на африкански земји кои дозволуваат употреба на канабис за медицински цели, особено за да се компензира за намаленото производство на тутун.
Дозволено е и производство и продажба на производи од текстил и јажиња.
Некогаш опишан како „малависко злато“, канабисот со години се одгледува нелегално.