Ова 12-годишно чудо од дете на Цибона и даде верувале или не 73 коша!

Loading

Во меч од кошаркарската У-13 лига во Хрватска, 12-годишниот Тони Гарма постигна 73 поени во победата на Нови Загреб од 94:73 против големата Цибона.

Гарма е и најдобар стрелец во својата лига, постигнувајќи 467 поени на само 11 натпревари, што значи дека во просек постигнува 42,5 поени по натпревар.

Против Цибона, Тони, синот на поранешниот кошаркар на Загреб, Никола Гарма, постигна 10 од 15 тројки.

Тони често е најдобар стрелец на својот тим во предкадетската (У-15) лига, се снаоѓа и во кадетска (У-17), а одигра неколку натпревари и за јуниорите.

Што се однесува до најмногу поени на еден натпревар, хрватски рекордер е Зденко Бабиќ кој против Апоел од Кипар во 1985 година постигна 144 поени.