Најдобриот руски тенисер Данил Медведев по триумфот на АТП 500 турнирот во Дубаи призна дека понекогаш сака да паузира и да се релаксира.
Медведев, по најголемиот триумф сезонава – победата над Џоковиќ во полуфиналето на турнирот, проговори за своите навики и призна дека сака се што им сакаат младите…
“Јадам слатки. Понекогаш играм PlayStation до доцна навечер. Понекогаш пијам со пријателите за време на викендите”, беше искрен Медведев.
Медведев е првиот играч кој успеал да го победи Новак во 2023 година.
Српскиот ас ја започна сезоната со титула во Аделаида и триумф на Австралија опен. Сепак, по три победи во Дубаи и вкупно 15 врзани триумфи, Медведев успеа да го спречи.
„Кога играте против Новак, само треба да дадете се од себе. Некако се надевав дека нема да игра најдобро, затоа што кога игра најдобро, дури го дадете најдоброто од себе, не сум сигурен дека можете да го победите“, рече Медведев.
Најголемата титула која досега ја освои Медведев беше трофејот на УС Опен во 2021 година, кога во големото финале го победи токму Новак.
Тој го освои финалето на АТП, како и четири АТП Мастерси. Еден од нив беше трофејот во Синсинати, кој е еден од неговите омилени.
,,Трофејот од Синсинати ми е омилен, во него чуваме цвеќе кога и го купувам на сопругата, затоа е посебен“, изјави Медведев.
извор: Tennis365