Оклахома на чекор до финале на западот со брејк кај Сан Антонио!

Loading

Само една средба од полуфиналето на западот се одигра во НБА лигата.

westbrook

Тимот на Оклахома направи изненадување нагости кај Сан Антонио и со победата од 95-91 поведе со 3-2 во победи во Западната конференција.

Расел Вестбрук имаше 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции, а постигна седум поени во низа во последните четири минути кога негативата на Оклахома ја претвори во минимална предност.

Потоа Вестбрук стави точка на натпреварот кога реализира дополнително слободно фрлање на 6,3 секунди до крајот на мечот.

Кевин Дурент даде 23 поени, 6 скока, 5 асистенции, а Стивен Адамс 12 поени, 11 скокови кај гостите, додека Сан Антонио го предводеше Кавај Ленард со 26 поени, 6 скокови, 4 асистенции и 5 украдени топки.

По 20 поени постигнаа Дени Грин и Ламаркус Олдриџ. Кај Спарси целосно потфрлија ветераните: Тони Паркер постигна 9, Тим Данкан 5, а Ману Џинобили, Борис Диао и Дејвид Вест по 2 поени.

westbrook1

Шестиот меч ќе се одигра утревечер во Оклахома Сити каде молњите ќе ја имаат првата меч топка за финале на Западот.

Сан Антонио само еднаш во историја во 2008 година успеа да мине понатаму кога губел со 3-2.

Вечерва се играат две полуфинални средби од истокот и западот Торонто-Мајами и Голден Стејт-Портланд каде на програмата се натпреварите број 5.

Инсерти од мечот…