ОФИЦИЈАЛНО: Марадона е убиен намерно – Погледнете што ги чека сторителите!

На последниот ден од мај започнува судењето на осомничените за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.

Славниот Ел Пибе почина во ноември минатата година, а денес во Аргентина беше објавено дека се обвинети седум лица кои се грижеа за него во последните денови од неговиот живот.

Станува збор за професионалци, меѓу кои се и неговиот личен лекар и психијатар и ќе бидат осудени на казна затвор до 25 години доколку бидат докажани виновни за „убиство со можна намера“.

Тие се обвинети за лекување на пациентот на начин за кој знаеле дека може да доведе до смрт.

Седум здравствени работници ќе се појават пред судот на 31 мај, кога е закажано првото рочиште, како што веќе се нарекува, „најголемото фудбалско судење во историјата“.