Новак игра за 24-та титула и испишува историја! – Колку чини билет за финалето на Вимблдон?

Loading

Финалето на овогодинешниот Вимблдон ќе го играат двајцата најдобри во светот, а Новак  ќе се обиде да стигне до 24. Грен слем титула против младиот Карлос Алкараз.

Доколку сте на лице место, бројни љубители на тенисот од различни делови на светот ќе ви позавидат на позицијата за која требаше да се одвојат неколку илјади евра!

На пример, билетот за финалето на женскиот дел од турнирот на кој Маркета Вондрушова ја победи Онс Жабер чинеше околу 2.500 евра, додека за тие пари нема да можете да ги гледате Џоковиќ и Алкараз!

Пред само неколку дена најевтините билети за натпреварот чинеа 9.000 евра, но во меѓувреме се распродадени, па сега треба да издвоите околу 13.000 евра за да го гледате натпреварот кој би каков да биде историски.

Билетите за Вимблдон, особено неговото финале, се резервирани однапред и тешко се стигнуваат во последен момент. Тогаш на располагање останува само мал контингент, а цената е недостапна за обичните љубители на тенисот.

Затоа централното поле на комплексот во јужниот дел на Лондон ќе биде исполнето до крај, а на трибините ќе има бројни светски лица.

фото: AELTC/JOE TOTH/Getty Images

Да потсетиме, пред неколку недели, патот на Џоковиќ до освојувањето на Ролан Гарос во Париз го следеа неколку многу познати личности од светот на шоу-бизнисот, додека српскиот тенисер упати посебна благодарност до колегите спортисти.

Неговиот пријател Златан Ибрахимовиќ натпреварот го следеше во друштво на Килијан Мбапе, додека на другиот дел од трибините беа француските репрезентативци Оливие Жиру и Тео Ернандез.

Ќе видиме кој од познатите се потрудил да стигне до Лондон, каде Новак сака да ја освои петтата титула во низа.

Доколку успее српскиот тенисер ќе се изедначи со Роџер Федерер по бројот на освоени пехари на Вимблдон, но и со Маргарет Корт по вкупен број Грен слемови.

Исто така, Новак со победа би се вратил на првото место на АТП листата и би продолжил да ја зголемува разликата со оглед на тоа што е убедлив рекордер во таа категорија.