Српскиот кошаркарски ас и член на НБА тимот Денвер Нагетс, Никола Јокиќ денеска стана татко.
Неговата сопруга Наталија роди девојче, а нејзините среќни родители и дадоа необично и уникатно име – Огнена.
Името од словенско потекло потекнува од зборот „огин“ што значи „пламен, оган“. Некогаш, кога се веруваше дека зборот има моќ на магија, ова име, како и многу други „заштитни имиња“, беше дадено со цел да се заплашат злите духови..