ФИФА одлучи да ја повлече организацијата на Светското првенство за играчи до 20 години од Индонезија!
Домаќин на ова натпреварување годинава требаше да биде најнаселената муслиманска земја во светот, но по средбата на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Индонезија, Ерик Торо, тој план е сменет!
Прво, ждрепката закажана за 31 март беше одложена, а се започна поради барањата на Индонезија и Ирак да не дозволат израелскиот тим да не биде во групата со своите селекции.
Дури имаше и протести на улиците на Индонезија поради можноста оваа селекција да игра против Израел, па на крајот Индонезија беше лишена од домаќинството.
Со оглед на тоа што Светското првенство за млади се одржува од 20 мај до 11 јуни, се помалку има време за ждрепката и за пронаоѓање на нов организатор, па се очекува ФИФА да го објави во најбрз можен рок.
„И покрај нашата одлука, ФИФА останува на својата одлука да му помогне на Фудбалскиот сојуз на Индонезија заедно со Владата на претседателот Видодо да го продолжат процесот на трансформирање на националниот фудбал по трагедијата што се случи во октомври 2022 година“, се вели во соопштението на ФИФА.
Настанот, кој ФИФА го нарекува најсмртоносната несреќа во историјата на спортот на Индонезија, при што илјадници навивачи во Маланг истрчаа на теренот, судрувајќи се со полицијата која одговори со насилство и солзавец.
Следуваше вистински масакр и загинаа над 130 луѓе.
На ова Светско првенство освен Израел игра и Бразил, Колумбија, Доминиканска Република, Еквадор, Англија, Фиџи, Франција, Гватемала, Хондурас, Италија, Нов Зеланд, Словачка, САД и Уругвај, па ќе видиме кој ќе се квалификува како нов домаќин.