Најлудиот фудбалски ден донесе и рекорд – Долго вака стадионите не биле полни, а еве кој најмногу заработи!

Loading

Во вчерашниот фудбалскиот ден кој одамна не сме го виделе, соборен е еден рекорд.

Неделата беше сон на секој љубител на фудбалот поради неверојатниот распоред кој многумина ги„заглави“ пред малите екрани.

Имаше и такви кои решија да одат на стадионите и од трибините да го бодрат својот тим, а посебно се истакнаа навивачите на Барселона и Реал Мадрид.

Ел Класико повторно привлече големо внимание кај јавноста и навивачите, а натпреварот на стадионот „Камп Ноу“ го следеа во живо 86.422 навивачи, што е најголема посета на фудбалски натпревар откако беа олабавени жирум светот мерките и ограничувањата на стадионите.

Според некои информации, најевтините билети чинеа дури 99 евра, а се проценува дека Барселона од продажбата на билети заработила околу 4,5 милиони евра, а големото дерби го сруши мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Виљареал од првото место за повеќе од 10.000 гледачи.

Целата листа е интересна, а лесно може да се забележи дека на него има уште еден натпревар одигран истиот ден со споменатото Ел Класико.

На натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд присуствуваа 73.088 навивачи кои беа сведоци на бруталната победа на гостите…