Германскиот голгетер и најдобар стрелец на светските првенства Мирослав Клосе одлучи да стави крај на својата богата фудбалска кариера.
Клосе има 38 години и беше без ангажман оваа сезона.
Неговиот последен клуб Лацио го напушти оваа година, по истекот на договорот.
Клосе беше споменуван како замена за Милик во Наполи, но ништо не испадна од тоа.
Тој освен во Лацио во кариерата има настапувано за Кајзерслаутерн, Вердер и Баерн Минхен.
За репрезентацијата на Германија одигра 137 натпревари и постигна 71 гол, што е најмногу во историјата на националниот тим.
На СП во Бразил 2014 година постави рекорд од 16 гола, и ја освои титулата светски шампион со националниот тим.
Германецот со полско потекло Мирослав Клосе во иднина најави дека ќе започне тренерска кариера.
Ова се сите голови на Клосе на мундијалите..