Најавени се огромни промени во Формула 1: Многу истечени договори, а борба ќе има и околу Хамилтон!

Loading

Годинешната сезона во Формула 1 не ги исполни очекувањата поради преголемата доминација на Ред Бул, односно нивниот возач Макс Верстапен, кој практично веќе може да се пофали дека ја освоил третата последователна титула.

Јасно е дека ова ќе биде и сезона во која најдоминантно стигна до шампионскиот трофеј, откако по 10 трки веќе има 99 бода предност пред најблискиот сопатник Серхио Перез, неговиот колега од Ред Бул.

Додека се најавуваат потенцијални промени во правилата, засега само голем број „возачи“ се поблиску до потврда.

Така, на крајот од сезоната дури седум возачи би можеле да ја сменат средината, а се подготвува сериозно „освежување“ пред сезоната 2024 година, па гридот повеќе да не наликува на овогодинешниот …

На дури седум Формула 1 возачи им истекуваат договорите, а меѓу нив е и седумкратниот шампион Луис Хамилтон, кој не е убеден дека по две потпросечни години ќе продолжи во Мерцедес.

Хамилтон долго време беше лут на Мерцедес и Тото Волф затоа што не можеа да му обезбедат конкурентен болид кој би можел да го предизвика Ред Бул за победи на трките, па се погласни се шпекулациите дека тој би можел да заврши во Ферари.

луис

Покрај споменатиот Хамилтон, договорот му истекува и на Даниел Рикардо, кој се враќа во „најбрзиот спорт“, кој потпиша до крајот на сезоната со Алфа Таури, додека се претпоставува дека тоа е само показател за неговиот договор со Ред Бул од следната сезона, со тоа што ќе зависи и од успехот што ќе го постигне Серхио Перез оваа година.

Слободен е и Јуки Цунода, исто така од Алфа Таури, како и Кевин Магнусен (Хаас), Нико Хилкенберг (Хаас), Логан Сарџент (Вилијамс) и Џоу Гуангју (Алфа Ромео).

Засега се чини дека Хас ќе ги продолжи своите возачи, додека сите останати се неизвесни …