Мизеријата на Македонската фудбалска репрезентација продолжува со објавувањето на најновата ФИФА ранг листа.
На истата Македонија продолжува да паѓа и тоа за нови 9 места и според октомвриското рангирање сме на 155.место што е најслаб пласман во историјата на репрезентацијата.
Од квалификациската група за Светското првенство во која настапуваат „црвено-жолтите“ најдобро пласирана е Шпанија на 10.место која е следниот ривал на македонските фудбалери, во ноември.
Италија е на 13.позиција, Албанија 47-ма, Израел со скок од 19 позиции се искачи на 79.место, додека Лихтенштајн се најде на 183.место.
Лидер на ФИФА листата и понатаму е Аргентина, Германија се проби на втората позиција, а Бразил на третата.
Белгија има пад од две места и сега е четврта, а во ТОП 10 уште се и: Колумбија, Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 24 ноември.