Конор Мекгрегор сеуште се рехабилитира по скршениот зглоб од борбата со Дастин Порие, па би требало да се врати во рингот следната година.
Дана Вајт, сопственикот на УФЦ, го најави четвртиот меч меѓу Мекгрегор и Порие, но постојат и други опции.
Една од нив е славниот ирец да се бори против Ислам Махачев, кој е наследник на Хабиб Нурмагомедов и во моментов има девет победи и еден пораз.
Во моментов се водат преговори за датумот и местото за одржување на борбата, па наскоро се очекуваат повеќе детали, информира Билд.