Луис Хамилтон го промени името – Еве како во иднина ќе се вика 7-кратниот шампиони на Формула 1!

Loading

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (37) донесе важна одлука.

фото: PROFIMEDIA

Во сезоната 2022, тој ќе се натпреварува под името Луис Хамилтон Ларбалестиер, со што ќе оддаде почит на презимето на неговата мајка.

Асот на Мерцедес по тој повод се огласи и јавно потврди дека во иднина ќе има две презимиња.

„Навистина сум горд на моето презиме. Мајка ми го носи презимето Ларбалестиер и тоа ќе го додадам на моето име. Навистина сакам нејзиното презиме да стои до „Хамилтон““, рекол тој. „Не го разбирам целосно тоа што жените се откажуваат од презимињата по свадбата“, додаде Хамилтон.

Со оглед на тоа дека в недела ќе се трка во Бахреин, и тогаш ќе вози под сегашното презиме, но потоа ќе направи се во продолжение на сезоната да го носи мајчиното презиме.

Неговите родители се развеле кога тој бил дете, татко му од почетокот на кариерата секогаш бил со него на трките, а на овој начин и оддава голема благодарност на мајка си.

Хамилтон ќе ја започне борбата за уште една титула откако на последната трка од претходната сезона контроверзно го загуби првото место во трката со Макс Ферстапен, кој во натпреварувачката година влегува како светски „Број еден“.

“Се вратив за да ја освојам осмата титула. Затоа сум повторно тука”, изјави Британецот кога го официјализираше враќањето во најбрзиот циркус.