ЛЕ: Силекс гостува во Лихтенштајн, Шкендија домаќин на Краковија!

Две македонски екипи вечерва ќе ги одиграат првите натпревари од 1.коло од квалификациите од Лига Европа, а ќе бидат одиграни вкупно 44 натпревари.

лига европа

По неколку годишна пауза екипата на Силекс од Кратово повторно ќе настапи во еврокуповите, оди на гости кај тимот на Вадуц од Лихтенштајн, кој последните сезони е постојан учесник во еврокуповите.

Почетокот на дуелот е во 19 часот.

За разлика од Силекс, тетовска Шкендија е домаќин на полската екипа Краковија, а дуелот ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 21 часот.

Во редовите на Шкендија посакуваат триумф на првиот дуел по можност без примен гол.

Нашиот трет претставник во Лига Европа, Работнички го одигра првиот натпревар против Будуќност и во Подгорица ќе патува во реваншот со резултат 1:1.

Реванш натпреварите се играат на 7 јули.