Ја откри тајната на успехот – Куќата на Салах изгледа како болница!

Фудбалерот на Ливерпул, Мухамед Салах посветува големо внимание на здравата исхрана и одржувањето на кондицијата.

Египќанецот е максимално посветен на работата на своето тело, што понекогаш и пречи на неговата избраничка, Маги Салах.

,,Имам две соби во куќата со разни апарати за вежбање. Таму можам да правам и криотерапија, а имам и хипербарична комора. Постојано се трудам да си ја подобрам физичката кондиција. Куќата ми личи на болница, а жена ми често вели дека поминувам повеќе време со моите уреди отколку со неа“, откри Салах.

Салах добро се грижи и за исхраната.

“Најмногу сакам брокула, слатки компири, риба и пилешко. Секогаш јадам салата. Кога сум во ресторан, се одлучувам за суши и јадам пица еднаш месечно. Сакам хамбургери, но ретко ги јадам бидејќи тешко му паѓаат на мојот стомак“, откри Салах.