Кој играч најмногу заработил од тенисот? – Шпанска ,,Марка,, ја објави листата!

Loading

Шпанскиот весник Марка ја објави листата на тенисери кои заработиле најмногу од наградите на турнирите во кариерата.

фото: PROFIMEDIA

Списокот се однесува на опен ерата, периодот кој започна во 1968 година. Исто така, важно е да се напомене дека наградните фондови значително се зголемија од 1968 година до денес, така што, на пример, победникот на Австралија Опен во 2004 година доби 916.000 илјади австралиски долари, додека овогодинешниот победник Новак Џоковиќ доби 2.975.000 австралиски долари.

Ова е Топ 10 листата (заработката е во американски долари):

1. Новак Џоковиќ – 166.861.716 долари
2. Рафаел Надал – 134.640.719
3. Роџер Федерер – 130.594.339
4. Енди Мареј – 63.535.777
5. Пит Сампрас – 43.280.489
6. Стен Вавринка – 35.598.548
7. Александар Зверев – 33.283.374
8. Дејвид Ферер – 31.483.911
9. Марин Чилиќ – 31.200.667
10. Андре Агаси – 31.152.975

Целата листа на 100 најплатени тенисери погледнете ја ТУКА.