Легендарниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан беше директор на Милан од јуни 2019 до март 2020 година, каде што соработуваше со клупската икона Паоло Малдини.
Легендарниот капитен на Хрватска и Динамо Загреб, кој како играч за врска ги мина речиси целите деведесетти во миланскиот клуб, беше отпуштен пред четири години.
Во неодамнешното интервју за Radio Deejay, кое го пренесоа бројни италијански медиуми, тој објасни зошто по само девет месеци морал да го напушти Милан иако потпишал тригодишен договор.
Поранешниот фудбалер изјави дека добил отказ откако дал интервју за La Gazzetta dello Sport, во кое рече дека поранешниот извршен директор на Милан, Иван Газидис, работи зад неговиот грб и на Малдини и се обидувал да го доведе германскиот стручњак Ралф Рангник без нивно знаење.
Рангник, според тогашниот план на Газидис, требаше да стане главен тренер на Милан и да биде задолжен за менаџирање на спортските сегменти на клубот.
Сепак, тој не влезе во клубот и сега е селектор на Австрија. Бобан потврди дека поради таквото ненадејно заминување се уште е на суд со Милан.
Во интервју за Радио Диџеј, тој беше прашан зошто го напушти Милан…
„Поради едно интервју кое го сметав за целосно легитимно. По само неколку месеци немавме повеќе поддршка или доверба. Сакаа да го доведат Рангник и преговорите веќе беа започнати. Не ни беше дозволено да имаме нормален разговор,,
По зимскиот преоден рок и доаѓањето на важни играчи како Симон Кјаер, Алексис Саелемакерс и Златан Ибрахимовиќ и заминувањето на Сусо и Кшиштоф Пиатек, не успеавме да се засилиме.
Затоа, морав да и се обратам на јавноста бидејќи сопствениците на клубот веќе го контактирале Рангник за следната сезона, што Рангник го потврди во своето интервју.
,,Дадов интервју за La Gazzetta dello Sport, што мислам дека беше фер, а тие ме отпуштија. Сè уште сме на суд. Жал ми е, но тоа е животот“.
Бобан потврди и дека има одлични односи со Малдини, кој целата своја кариера ја помина во Милан.
„Јас и Паоло сме пријатели и се надевам дека ќе бидеме до крајот на животот. Немам проблеми со никого. Го сакам, навивам и го следам Милан со голем интерес. Слушнав многу коментари, но јас сум тоа што сум и го кажувам тоа што го мислам“, изјави Бобан, кој беше играч на Милан од 1991 до 2001 година.
Тој исто така нагласи дека нема ништо против Милан и покрај се што се случи пред четири години.
„Каква врска има Милан со тоа? Милан нема никаква врска со сопственоста. Вие го сакате и навивате за Милан, тоа е сè. Разбирам дека луѓето не сакаат да наметнуваат мислења. Можам да погрешам, но морам да кажам што мислам,,
,, Не сум јас тој што ги влече конците. Јас само искажувам мислење како и сите други. Проблемот настана затоа што кажав дека Милан еден час не играл добро против Баер Леверкузен (пораз од 1:0 во ЛШ, оп. а.) Кој вели дека Милан играл добро, не знае ништо од фудбалот. Ако тоа е проблем, што да правам?“, додаде Бобан.