За 5%, ќе биде зголемен наградниот фонд на третитот гренслем турнир годинава Вимблдон, а победниците во машка и женска конкренција ќе добијат по 2,9 милиони долари.
Во соопштението на организаторите се наведува дека вкупниот награден фонд на турнирот во Лондон ќе изнесува 40 милиони долари, а наградата за титулата во сингл конкуренција ќе биде зголемена за 6,4%, односно за 175.000 долари, или вкупно 2,9 милиони долари.
Минатата година победниците на турнирот Новак Џоковиќ и Серена Вилијамс добија по 2,74 милиони долари.
Натпреварувачите кои ќе го завршат настапот во првото коло на Вимблдон ќе инкасиаат 43.000 долари.
За 5 години наградниот фонд на Вимблдон е зголемн за 92%, а најголемо зголемување беше во 2013 година, кога наградите пораснаа за 40%.
Најавено е и зголемување на средствата во борбата против наместени натпревари, недозволено обложување и допинг, но не го наведоа износот.
Најголем награден фонд на грен слем турнирите се уште има ЈуЕс Опен, а минатата година вкупниот награден фонд изнесуваше 42,3 милиони долари, а победниците во сингл инкасираа по 3,3 милиони долари.