Горан Пандев се враќа во дресот на МАКЕДОНИЈА за мечот со Белгија!?

Loading

Македонската фудбалска репрезентација одлично го започна и овој циклус натпревари од групата Ј за пласман на СП 2026 година.

По победата над Лихтенштајн и ремито со Велс, нашите шанси се повеќе се зголемуваат за пласман на Мундијалот.

Се појави и информација дека Македонија ќе биде уште посилна откако нашиот легендарен капитен одлучи повторно да го облече црвено-жолиот дрес!

Во таа мисија ќе помогне кој друг ако не ГОРАН ПАНДЕВ, кој моментално ја извршува функцијата спортски директор на ФФМ.

Тој се прости од репрезентацијата на 21 јуни, 2021 година на дуелот со Холандија, а година дена подоцна ја заврши клупската кариера.

Сепак, фактот дека се наоѓа во одлична физичка форма, ќе го натера Пандев да го облече дресот и да настапи на дуелот во јуни против силната Белгија.

Но да не заборавиме дека денеска е 1-ви Април па секако дека оваа информација би била и предобра да би била вистинита….