Во февруари стана кошаркар на Хјустон Рокетс, но бидејќи цела минатата сезона се опоравуваше од повредата, во новиот тим дојде дури сега, пред почетокот на подготовките за новата сезона.
Поради промената на клубот се пресели во друг град и морал да бара ново место за живеење.
Стивен Адамс сподели фотографија од својот нов дом на Инстаграм и ги изненади своите следбеници.
Центарот од Нов Зеланд фотографирал мала соба на која нема ништо друго освен душек на подот.
„Нов почеток“, напиша Адамс со фотографијата која брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.
Адамс во наредните денови најверојатно малку ќе го разубави својот дом, а финансиите нема да му бидат пречка бидејќи според сегашниот договор заработува 12,6 милиони долари годишно.
Адамс пристигна во Хјустон по три години во Мемфис Гризлис, а претходно играше за Оклахома Сити Тандер и Њу Орлеанс Пеликанс.
Досега има одиграно 706 натпревари во НБА со просек од 9,2 поени и 8,2 скока.