(ФОТО+ВИДЕО) ФИФА 2026 – Некои интересни факти, рекорди и фаворити!

Loading

Уште само 4 дена до стартот на 23-тото издание на Светското фудбалско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

Од теренот каде Марадона ја одигра „Божјата рака”, каде Пеле го освои својот прв мундијалски пехар со Бразил, до арената вредна милијарда, 94.000 луѓе, 142 децибели е стадионот кој три пати ја отворил историјата…. добредојдовте на најголемото шоу во историјата на спортот.

Рекорди кои стојат – и оние кои можат да паднат

Некои рекорди изгледаат вечни. Жист Фонтен постигна 13 голови на еден Мундијал во 1958 година и никој не му се доближил шест децении подоцна.

Мбапе забележа осум голови во Катар 2022 и беше наjблизок модерен предизвик до тој рекорд.

На овој турнир очекуваме и рекорд за најстар тренер во историјата на Мундијалот, 78-годишниот Дик Адвокат ќе го надмине тој рекорд кога ќе застане на клупата на Курасао.

Фаворити: кој може да го крене трофејот?

Четирите највисоко рангирани тимови, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија беа поставени во различни делови од жребот, така што ако завршат први во своите групи, нема да се сретнат се до полуфиналето.

Тоа гарантира дека барем три од овие четири ѕвездени репрезентации ќе стигнат до осумте најдобри.

Шпанија е колективен фаворит за освојување на трофејот, иако повредата на тинејџерскиот крилен играч Ламине Јамал донесе одредена несигурност во проценките.

Бразил, Германија и домаќинот САД исто така се сметаат за реални кандидати за финалето, а тука во овој круг може да се вклучат и Португалија и Мексико…..